Напад во адвокатска канцеларија во Гостивар

Макфакс

24/11/2026

11:40

166

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда откако физички напад се случил во адвокатска канцеларија по претходна расправија.

Поднесена е кривична пријава против Н.Н.(62) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда, соопшти МВР.

„На 29.10.2026 во адвокатска канцеларија, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал С.О.(50) од с. Градец додека извршувал работни задачи“ се вели во полицискиот билтен.