[ВИДЕО] Пукање во училиште во Крагуевац, има повредени

A1ON.MK

24/11/2026

09:53

491

Големина на фонт

а а а

Две лица се повредени во пукање што утрово околу 8 часот се случило во Првата техничка школа во Крагуевац, Србија. Напаѓачот е совладан, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијални информации на „Време“, во училиштето влегол 17-годишен ученик вооружен со малокалибарско оружје, со кое ги повредил хигиеничарка и уште една жена вработена во училиштето.


На местото на настанот се испратени полициски сили и екипи на Итната медицинска помош. Пристапот до училиштето е целосно блокиран.

Информациите за пукањето првично се појавија на социјалните мрежи, а засега нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на повредените, напаѓачот и околностите на инцидентот.


Во тек се увид и проверки, а се очекува соопштение од Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство.