Културно-информативниот центар – Битола во соработка со Кинотеката на Македонија организира филмска недела посветена на македонската кинематографија, со проекции на седум значајни филмови од 19 до 25 ноември во кино „Кино Манаки“ во Битола.
Културно-информативниот центар – Битола, во соработка со Кинотеката на Македонија, ја најавува филмската недела посветена на македонската кинематографија, која ќе се одржи од 19 до 25 ноември, во кино-салата „Кино Манаки“ на Широк Сокак во Битола.
Во текот на седумте фестивалски вечери, битолската публика ќе има можност да проследи седум култни остварувања од поновата историја на македонската кинематографија – филмови кои со својата уметничка вредност, автентични приказни и препознатлив авторски израз оставиле значаен белег во македонската филмска уметност.
Овој проект, во организација на КИЦ Битола, е наменет како за љубителите и познавачите на филмската уметност, така и за новите генерации филмска публика, кои заслужуваат можност да ги запознаат и доживеат овие исклучителни дела од македонското филмско творештво.
ПРОГРАМА
📅 19.11. – „Прашина“ | 20:00 часот
📅 20.11. – „Среќна нова ’49“ | 22:00 часот
📅 21.11. – „Тајната книга“ | 20:00 часот
📅 22.11. – „Бал-кан-кан“ | 20:00 часот
📅 23.11. – „Тетовирање“ | 20:00 часот
📅 24.11. – „Црно семе“ | 20:00 часот
📅 25.11. – „Пред дождот“ | 20:00 часот
Влезот е бесплатен за сите проекции.








