Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Макфакс

17/11/2026

13:30

83

Големина на фонт

а а а

Полицијата приведе 56-годишен маж од кичевско село кој одел со огнено оружје и ѝ се заканувал на својата сопруга, додека биле во бракоразводна постапка.

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал на својата сопруга, со која е во бракоразводна постапка.

Како што информираат од МВР, од слобода е лишен З.З. (56), а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.