Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за „Алта банка“ за работење во ЕУ, а „Рајфајзен“ имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага

Макфакс

13/11/2026

13:20

159

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана за работа во ЕУ, туку само прекршочна казна за ненавремено пријавување удел над 10%, додека опозицијата СДС и Филипче биле фатени во неистини поврзани со банката и други теми.

Според Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, „Алта банка“ немала никаква забрана за работа во ЕУ при нејзиниот влез во Македонија.

Според него, информацијата која ја лиферуваа Филипче и СДС во јавноста, дека „Алта банка“ имала забрана за работа во ЕУ, е голема невистина.

Што е тука вистината?

Во „Адико банка“, „Алта банка“ поседува 9,63% од акциите, додека „Дипломат пеј“ купува удел од 9,99% од акциите.

Во август 2024 година, им биле суспендирани гласачките права на двете компании во „Адико банка“. Регулаторот утврдил дека „Алта пеј“ и „Дипломат пеј“ дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да ги известат надлежните австриски и европски финансиски регулатори, што е законска обврска при надминување на прагот од 10%.

Токму ова е тој документ каде што Алта банка била прекршочно санкционирана.

Во декември 2024 година, „Дипломат пеј“ ги продава своите акции на австриски инвеститор. По ова, во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права за „Алта пеј“, во Адико банка, констатирајќи дека повеќе нема заедничко дејствување меѓу двете фирми“.

Вистината според Манасиевски

Токму ова, нагласува Манасиевски, е вистината. Се друго, како што рече, е лага од страна на Венко Филипче и СДС.

„Алта банка“ немала никаква забрана за работа од ЕЦБ, туку имала прекршочна казна од австриските регулатори, за ненавремено пријавување на купен удел над 10%.

Банка којашто би имала забрана за работа од ЕУ, нема можност да влезе во Македонија. Затоа, во Македонија, немало никаква можност да биде забранет влез на „Алта банка“.

СДС и Филипче се фатени во лага, се што кажаа излезе сосема спротивно. И за мигрантите, и за ИПАРД програмата и за пензиите, и за извештајот на Томас Вајц, лажеа и за водата во Скопје, а сега лажат и за „Алта банка““.