Заедно до нова платформа: Жените претприемачки ја обликуваат HalkWomen.mk на хакатон во Скопје

Точка

13/11/2026

14:25

197

Големина на фонт

а а а

Халкбанк АД Скопје, во соработка со Women in Tech Macedonia, организира Хакатон HalkWomen. Настанот, кој ќе трае од 9:00 до 13:00 часот, ќе се одржи на 19 ноември во Централата на Халкбанк на ул. Водњанска бр. 1/2 во Скопје.

Хакатонот има за цел да вклучи 100 жени на едно место, жени со сопствен бизнис, идни претприемачки и експертки. Тие заедно ќе одлучат што треба да нуди новата платформа за поддршка на женското претприемништво.

Хакатонот е првиот чекор во изградбата на HalkWomen.mk, дигитална платформа за поддршка на женското претприемништво. Платформата ќе собере на едно место практично знаење, експертска поддршка, менторство и можности за раст. Денес жените што водат или планираат бизнис ги бараат овие информации на повеќе различни места.

На HalkWomen Хакатонот секоја учесничка има свој глас:

- Учесничките работат во мешани тимови
- Тимовите ги дефинираат најчестите пречки во водењето бизнис и предлагаат решенија што платформата треба да ги понуди.
- Ментори од финансии, дизајн, претприемништво, дигитализација ги советуваат учесничките како да се водат во процесот на согледување на можностите и проблемите.
- Жирито ги посетува сите тимови на нивните маси. Секој тим ја претставува својата идеја, без чекање и без трема од голема сцена.
- Во галеријата на идеи сите учеснички ги разгледуваат решенијата и гласаат за омилените.
- Идеите од Хакатонот стануваат основа за содржината и услугите на HalkWomen.mk.


Зошто вреди да учествуваш

- Твојата идеја ја обликува платформата што ќе ја користат жените претприемачки
- Добиваш бесплатен совет од ментори за финансии, маркетинг и дигитализација.
- Секој тим ја претставува својата идеја пред жирито.
- Награди во повеќе категории: прво, второ и трето место.
- Секоја учесничка добива сертификат за учество.
- Во текот на едно претпладне се запознаваш со 100 жени со слични цели.
- Не ти треба техничко знаење ниту готова бизнис идеја. Дојди со твоето искуство.

Како да се пријавиш

Регистрирај се на овој линк: https://forms.gle/yXCMiuWK6B7aCJDd7. Пополнувањето трае неколку минути. Крајниот рок за пријава е 16 ноември 2026. 

Ајде заедно да ја создадеме платформата што отсекогаш ни била потребна.