Прегазени двајца велосипедисти во Скопје и Битола

Макфакс

13/11/2026

14:20

241

Големина на фонт

а а а

Во Скопје и Битола вчера се случија две сообраќајни несреќи со учество на велосипедисти, при што двајца возачи на велосипеди се здобија со тешки телесни повреди.

Во СВР Скопје вчера околу 11:40 часот е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(58) од Скопје и велосипед управуван од Д.Ј.(63) од с.Трубарево, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Истиот ден во СВР Битола во 18:04 часот било пријавено дека на патот од Битола кон границата со Република Грција се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено лагуна“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(64) од с.Долно Егри, битолско и велосипед управуван од З.Н.(64) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.