19-годишник ја заканувал девојка од Кочани со објавување интимни снимки

Макфакс

13/11/2026

14:20

240

Големина на фонт

а а а

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против 19-годишник од Кочани кој се сомничи дека се заканувал на девојка со објавување интимни видеа и фотографии направени без нејзина согласност.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.М.(19) од Кочани.

Тој се сомничи за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина“.

Во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026, пријавениот преку мобилни апликации и уреди, направил експлицитни видеа и фотографии од 18-годишна девојка од виничко без нејзина согласност и преку социјални мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, ја вознемирувал и ѝ се заканувал дека видеата и снимките ќе ги направи достапни за трети лица.