Ни синовите, ни љубовниците, ни поранешниот сопруг: Ова е единствената личност која секој ден го посетува гробот на принцезата Дајана

Точка

13/11/2026

08:00

6.432

Големина на фонт

а а а

Поминаа повеќе од две и пол децении откако Дајана, принцезата од Велс, трагично го загуби својот живот, но сеќавањето на неа не бледнее. Сепак, нејзината изолирана гробница нема многу посетители...

Иако беше една од најомилените жени во светот, смртта на принцезата Дајана остави најголем белег врз членовите на нејзиното семејство, кои сè уште се борат да се помират со оваа ненадејна загуба.

По сообраќајната несреќа во Париз, во која загина Лејди Ди, беше организиран голем, кралски погреб, а нејзиното тело беше однесено во Алторп, семејниот имот Спенсер во Нортхемптоншир, по погребот. Нејзиниот гроб се наоѓа на островче на овој имот, а островот е невозможен за пристап без дозвола од братот на Дајана, Чарлс Спенсер.


Тој е единствената личност која редовно го посетува гробот на имотот и вечното почивалиште на неговата сестра. Тој зборуваше за оваа своја навика пред неколку години, за време на гостувањето во „Добро утро Британијо“, каде што се потсети на Дајана и огромното влијание што го имаше врз луѓето ширум светот.

„Секој ден, луѓето ми кажуваат колку ги инспирирала и колку им недостига. Она што го направија на денот кога почина - неверојатно е!“, изјавил грофот од Спенсер.

Принцезата Дајана погребана на местото каде што пораснала

За разлика од повеќето членови на британското кралско семејство, чии погребни места се во кралските капели и семејните гробници, Дајана била погребана во изолираниот Алторп.

Тоа е местото каде што поминала значаен дел од своето детство, па затоа семејството одлучило дека нејзиното последно почивалиште ќе биде на место кое имало посебно значење за неа.

Нејзиниот гроб се наоѓа на мал остров во средината на Овалското Езеро, опкружен со дрвја и зеленило. Не е лесно достапен пеш, а посетителите можат да ѝ оддадат почит на принцезата од брегот на езерото или со премин до островот со брод.


За својот 60-ти роденден, Чарлс Спенсер добил кану од пријател столар, кое го користи токму за да може да го посети гробот на неговата сестра. Тој зборувал за тоа сосема отворено:

„Одам таму секој ден, да“, рекол братот на принцезата Дијана.

Болниот момент кога Чарлс Спенсер дозна за смртта на неговата сестра

Во истото гостување, Спенсер зборуваше за еден од најтешките моменти во неговиот живот - моментот кога дознал дека Дајана починала во сообраќајна несреќа во париски тунел на 31 август 1997 година.

Оваа вест го изненадила додека зборувал на телефон со сестра Џејн. Нејзиниот сопруг, кој во тоа време работел за кралицата, бил на другата телефонска линија, а Спенсер ја слушнал неговата реакција пред неговата сестра да објасни што се случило.

„Разговарав на телефон со сестра ми Џејн. Нејзиниот сопруг работеше за кралицата и бил на другата линија кога го слушнав како вели: „О, не“, се присетил Спенсер. „Потоа сестра ми, ми кажа што се случило. Се сеќавам како да беше вчера.


„Сигурен сум дека секој што ја гледа оваа емисија имал траума во своето семејство во одреден момент. Некако се навикнувате на неа и на фактот дека таа не си оди“, заклучил грофот.

Инаку, Чарлс Спенсер ја објави книгата „Лебедова песна: Дајана, мојата сестра“ во септември, во која сподели многу претходно непознати детали за животот на Лејди Ди и нејзината врска со кралот Чарлс и британското кралско семејство.