Фудбалер на Челси исфрлил соиграч од Фантази – открил дека е повреден

Точка

10/11/2026

19:48

449

Големина на фонт

а а а

Челси им упатил строго предупредување на вработените откако повредата на Жоао Педро станала јавна пред официјалното соопштение на клубот.

Интересно е што информацијата не протекла преку вообичаените новинарски канали, туку преку Фантази Премиер лигата, откако одредени вработени и фудбалерот Морган Роџерс го отстраниле бразилскиот напаѓач од своите виртуелни тимови.

Инцидентот се случил пред натпреварот против Тотенхем, кој Челси го загуби на својот стадион со резултат 2:0. Жоао Педро неочекувано не се нашол во составот за тој дуел поради повреда на квадрицепсот, за која јавноста претходно не била известена.

Меѓутоа, одредени креатори на содржини што ја следат Фантази Премиер лигата забележале необична активност на профилите поврзани со Челси. Напаѓачот Морган Роџерс, но и неколку вработени во лондонскиот клуб, го отстраниле Педро од своите виртуелни екипи непосредно пред почетокот на натпреварот.


Таквиот потег предизвикал сомневање дека одредени лица располагаат со информации што сè уште не ѝ биле достапни на јавноста. Набргу станало јасно дека повредата на бразилскиот фудбалер би можела да биде откриена токму врз основа на промените во фантази-тимовите.

Поради сето тоа, Челси им испратил внатрешно предупредување на вработените, со потсетување дека користењето доверливи информации на јавни платформи може да има сериозни последици.

Особено е интересно што тренерот на Челси, Чаби Алонсо, според сопствените зборови, воопшто не бил запознаен со целата ситуација.


Кога новинарите на „BBC“ по поразот од Тотенхем го прашале за протекувањето информации преку Фантази Премиер лигата, шпанскиот стручњак кратко одговорил:

„Не се занимавам со тие фантази-работи, па не знаев за тоа.“

Ова не е првпат Челси да се соочи со проблеми кога станува збор за чување на информациите за составот и здравствената состојба на играчите.

За време на краткиот мандат на Лијам Росениор на клупата минатата сезона, информациите за почетните состави на лондонскиот клуб протекле во јавноста пред двата натпревари од двомечот во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.


Забележан е и необичен случај кога фризерот на поранешниот одбранбен играч Марк Кукуреља на социјалните мрежи случајно открил дека Жоао Педро и Кол Палмер нема да бидат во составот за гостувањето кај Брајтон.

И покрај претходните инциденти, Челси засега го третира најновиот случај како изолиран проблем. Клубот има намера да ја реши ситуацијата со дополнителни предупредувања и подигнување на свеста кај вработените, без воведување формални забрани за учество во фантази-натпреварувањето.


Слични случаи претходно биле забележани во Арсенал, Ливерпул, Лестер и Њукасл. Еден од најпознатите се случи во февруари 2021 година, кога отстранувањето на Џек Грилиш од фантази-екипа укажа дека фудбалерот на Астон Вила би можел да го пропушти натпреварот против Лестер.

Иако Премиер лигата строго го регулира спортското обложување, засега не постојат посебни правила што се однесуваат на учеството на клупските вработени во Фантази Премиер лигата.