[ВИДЕО/ФОТО] Фотографијата на Вучиќ од ноќна забава стана хит, луѓето не престануваат да се шегуваат на негова сметка

Точка

07/11/2026

17:00

1.133

Големина на фонт

а а а

Александар Вучиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со снимки од ноќна забава во еден белградски ресторан. Иако во текот на вечерта пеел и се забавувал со присутните, на социјалните мрежи особено се прошири снимка на која неговото расположение, барем навидум, одеднаш се променило.

Вучиќ ја поминал вечерта во белградскиот ресторан „Savanova“, познат и како „Ćaci bar“, каде што било организирано неформално дружење на кое, меѓу другите, присуствувале главниот уредник на „Informer“, Драган Ј. Вучиќевиќ, и Ана Брнабиќ.

Пеел песни од Оливер Драгојевиќ

Снимките од дружењето Вучиќ ги објавил на социјалните мрежи, а на нив може да се види како пее, разговара со присутните и ужива во веселата атмосфера. Во текот на вечерта била испеана и песната на Оливер Драгојевиќ „A sad adio“.

Но, додека едни го коментирале неговиот настап и доброто расположение, други се запрашале дали во текот на вечерта испил некоја чашка повеќе. „Ма, дали е тој пијан?“, се запрашал еден корисник на социјалните мрежи.

„Пијан како летва ја пее „A sad adio“, усните му поцрнеле од виното. Катастрофа на што личи човекот кој 14 години ја водеше оваа земја“, напишал друг корисник.

Од песна и веселба до поглед во празно

Особено внимание привлече снимката што ја сподели и новинската агенција „NEXTA“. На неа се гледа како Вучиќ, откако учествувал во веселбата, во еден момент замолчува и замислено гледа пред себе.

Ненадејната промена на изразот на лицето не им „избегала“ на корисниците на социјалните мрежи, кои набрзо почнале да ја споделуваат снимката со бројни духовити коментари. Од „NEXTA“ се пошегувале дека поранешниот српски претседател изгледа како штотуку да се сетил на изборните резултати.

„Филм на Кустурица“, „Мамо, дојди по мене“...

Снимката набрзо стана повод за низа шеги и споредби, а многумина особено се осврнаа на замислениот израз на лицето на Вучиќ среде разиграната атмосфера.

„Филм на Кустурица“, накратко коментирал еден корисник, додека друг напишал: „Кога во градинка ќе ми кажат дека за појадок има попара“.

Некои ја споредиле сцената со стиховите од песната: „Секаде околу мене луѓе, жени... а јас како на пуст остров“, додека еден корисник едноставно порачал: „Мамо, дојди по мене“.

Особено се проширила и споредбата со личност која по љубовна разделба на социјалните мрежи се обидува да покаже колку добро се забавува.

„Овој човек е како некој што по раскинувањето објавува фотографии на социјалните мрежи за да покаже дека сето тоа го поднел многу добро и дека, иако заедничките пријатели се на нејзина страна, и тој има друштво со кое може да се забавува низ градот“, стои во еден од коментарите.

Меѓу реакциите се најде и кратка порака: „Еден човек никогаш немал среќа“.