Важи за најсексапилната Кардашијанка со најхармоничен брак – сега чини дека „сè се распаѓа“

Точка

06/11/2026

14:19

751

Големина на фонт

а а а

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и тапанарот на групата „Блинк-182“, Тревис Баркер, биле соседи и долгогодишни пријатели пред официјално да ја потврдат својата врска на Инстаграм во февруари 2021 година. Во текот на 2022 година се венчале дури трипати.

Најпрво, во април организирале симболична венчавка во капела во Лас Вегас, која немала правна важност. Потоа, во мај, се венчале на граѓанска церемонија во Санта Барбара, за истиот месец да приредат и голема свадбена прослава во Портофино, Италија.


Во една од новите епизода на ријалити-шоуто „The Kardashians“, Кортни се осврнала на тврдењата дека таа и Тревис повеќе не живеат под ист покрив, пренесе магазинот „Пипл“.


„Мојата портпаролка ми пиша утрово. Ми рече: ’Еден магазин тврди дека ти и Тревис повеќе не живеете заедно и дека се разделувате. Дали има вистина во тоа?‘, раскажала Кортни.


Ријалити ѕвездата, позната и како најсексапилната Кардашијанка и членка на семејството со најхармоничен брак, му порачала на својот претставник да не ги демантира гласините, туку да ги остави да се шират.

„Реков: ’Кажете им да ја објават таа приказна.‘ Да видиме што ќе се случи“, открила таа.


„Знаат дека тоа не е вистина. Знаат дека виделе некое глупаво видео на ТикТок од личност која измислува лажни приказни“, му рекла Кортни на својот пријател Сајмон Хак, кој ги критикувал теориите на заговор за познатото семејство.

Инаку ријалити-ѕвездата и нејзиниот сопруг имаат деца од претходните врски. Кардашијан со поранешниот партнер Скот Дисик ги има синовите Мејсон и Рејн, како и ќерката Пенелопе, додека Баркер од вториот брак со Шана Моклер ги има синот Ландон и ќерката Алабама.