[ВИДЕО] Кинески автомобил „преживеа“ судир со камион

Точка

05/11/2026

07:56

964

Големина на фонт

а а а

„Chery“ во Кина организираше тест на судир во реални услови, на кој „Tiggo 7“ имаше „блиска средба“ со камион при брзина од 50 км/ч.

Тестот се одржа во лабораторија за тестирање судири во кинескиот град Вуху. Како што соопшти „Chery“, настанот ја спои демонстрацијата на безбедносните карактеристики на возилото со порака за значењето на безбедноста во секојдневниот семеен живот.

Од „Chery“ истакнуваат дека моделите „Tiggo 7“ добиле оценки од пет ѕвезди во четири значајни програми за процена на безбедноста: „C-NCAP“ во Кина, „Euro NCAP“ во Европа, „ANCAP“ во Австралија и „ASEAN NCAP“ во Југоисточна Азија. Тоа е важно за натамошниот развој на деловната политика на компанијата, која се темели на приспособување на возилата кон локалните пазари.

Тестот на судир на моделот „Tiggo 7“ беше изведен пред гости, а преносот во живо на голем ЛЕД-екран овозможи да се следат настанот и непосредните резултати. По завршувањето на тестот, експертите за безбедност го прегледаа возилото и ги претставија клучните наоди.

Според резултатите од демонстрацијата, системот за автоматски итен повик „eCall“ се активирал во моментот на судирот и воспоставил врска за да се побара помош. Предните и средните столбови на каросеријата, односно столбовите А и Б, како и вратите на возилото, останале зачувани. Немало значително навлегување на делови од каросеријата во кабината, со што бил зачуван просторот за заштита на патниците.

Истовремено, се активирале затегнувачите на безбедносните појаси, а воздушните перничиња се отвориле навреме. Двата механизма дејствувале заедно како интегриран систем за заштита на патниците. Тестот покажа каква улога имаат конструкцијата на каросеријата и системите за пасивна безбедност во намалувањето на ризикот од повреди при судир.