Европа го спасува глобалниот пазар на електрични автомобили: Растот од 42% го неутрализираше остриот пад во САД и стагнацијата во Кина

Точка

04/11/2026

21:51

491

Големина на фонт

а а а

Од јануари до септември годинава се регистрирани околу 11 милиони нови, целосно електрични возила, што претставува раст од 12 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Неодамна објавено истражување покажа дека главниот двигател на овој раст е токму Европа. Од почетокот на годината до крајот на септември, производителите на автомобили на европскиот континент продале вкупно 2,5 милиони електрични возила, што е годишен скок од дури 42 отсто, пренесува германската новинска агенција „DPA“.


Силен раст во Германија и намалување на заостанувањето зад САД

Во Германија се забележани 604.000 нови регистрации на електрични автомобили, дури 58 отсто повеќе во споредба со првите девет месеци од минатата година. Со овој резултат Германија го зазеде третото место во светот според бројот на новорегистрирани електрични возила и значително ја намали разликата во однос на второпласираните САД.


Пад на побарувачката во Америка и забавување во Кина

Наспроти европскиот тренд, регистрациите на електрични возила во САД бележат остар пад. Во првите девет месеци се регистрирани околу 746.000 возила на батерии, што е пад од 29 отсто во однос на истиот период претходната година.

Истовремено, растот на продажбата на најголемиот светски автомобилски пазар значително забавил. Во Кина продажбата на електрични возила стагнира на ниво од околу шест милиони возила, покажуваат податоците на консултантската компанија „PwC“.