[ВИДЕО] Авион се урна на улица во Мексико една минута по полетувањето: двајца загинати

Макфакс

03/11/2026

10:10

358

Големина на фонт

а а а

Две лица загинаа вчера кога авион од типот „Цесна 210“ се урна во Мексико. Авионот паднал веднаш по полетувањето од Националниот аеродром „Пачука“ во сојузната држава Идалго, потврдија воздухопловните власти.

Според Мексиканската федерална агенција за цивилно воздухопловство (AFAC), авионот – со кој оперирала компанијата „Grupo Aeroespacial Avspace“ – полетал во 9:30 часот по локално време. Летал кон Меѓународниот аеродром „Куернавака“ во сојузната држава Морелос. Авионот се урнал само една минута по полетувањето, за време на почетната фаза на искачување, на авенијата „Тезонтеле“ во населбата „Вента Приета“. Местото на несреќата се наоѓа на приближно 500 метри од почетокот на пистата, надвор од аеродромскиот комплекс.

Во тек е истрага

Од AFAC соопштија дека двете лица кои се наоѓале во авионот загинале, а започната е административна истрага за да се утврди причината за несреќата. На местото на настанот пристигнале претставници од управата на аеродромот „Пачука“ за да ги спроведат потребните процедури и да ја координираат работата на службите за итни интервенции.

Надлежните сè уште не ги објавија идентитетите на загинатите, ниту пак детали за нивните улоги во леталото. Во моментов нема официјални информации за можен технички дефект, временски услови или други фактори кои би можеле да влијаат врз летот. Исто така, не е потврдено дали има повредени лица на земјата при падот, ниту дали е причинета штета на објекти или возила.