Напад во основно училиште во Охрид, пријавени две лица

Макфакс

03/11/2026

11:00

350

Големина на фонт

а а а

Две лица од Охрид физички нападнале скопјанка во основно училиште во Охрид, при што полицијата презема мерки за расветлување на случајот.

Скопјанка пријавила дека била нападната од две лица во основно училиште во Охрид.

Според информациите на СВР Охрид, вчера во 17:18 часот во полиција е пријавено дека во едно основно училиште во Охрид, А.И.(24) и Р.Р.(29), двете од Охрид, физички ја нападнале М.Ј.(37) од Скопје.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од полицијата.