Зад нас е уште едно коло од англиската Премиер лига, најдобриот и најкомпетитивниот фудбалски шампионат на светот.
Манчестер Сити го доживеа првиот неуспех и сега не е повеќе осамен на врвот на табелата, односно сега заедно со Арсенал го делат првото место со по 21 бод.
Во оваа рунда Ливерпул пронајде решение за залетаниот Брајтон, Тотенхем го изненади Челси во градското дерби, Борнмут му нанесе тежок пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, а и Њукасл се разбуди и славеше на „Селхрст Парк“.
Се на се ово коло донесе доста возбудувања, материјал и не беше лесно да се одберат најдбрите единаесет поединци. Првиот стрелец во историјата на ПЛ, Алан Ширер тоа го направи, ја состави идеалната единаесетка која е во формација 4-4-2.
Борнмут и Астон Вила даваат дури седум играчи, Тотенхем е присутен со две имиња, плус тука се Араухо од Ливерпул и Габриел од Арсенал.









