УЕФА и судискиот комитет имаат доверба во најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска, а потврда за тоа е доделениот нов меч од елитната Лига на шампионите.
Пројковска во текот на оваа сезона веќе беше главна во лигашката фаза на соочувањето меѓу дамите на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, (претходно судеше и во квалификациите) додека пак утре ќе биде активна во Лондон на натпреварот Арсенал и Бенфика.
Тоа е меч закажан за вечерниот термин од 21 часот, средба на која домашниот тим има фаворитска улога. Освен Ивана активна ќе биде уште една Македонка на мечот и тоа како линиски судија Елена Соклевска-Илиевски.
Александра Варгова е другиот помошник судија, четврти арбитар е Сабина Болиќ од Хрватска, додека во ВАР главни ќе бидат Момчило Марковиќ и Дебора Анекс.








