Карик на излезна врата од „Олд Трафорд“, Јунајтед бира меѓу две тренерски имиња

Дерби

26/10/2026

15:49

952

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед бележи лоши резултати во првите месеци од новата сезона, екипата веќе е елиминираната од англискиот лига Куп, се наоѓа на дури 16. место во Премиер лигата со само една остварена победа, додека во Лигата на шампиони има два порази на трите досегашни натпревари.

Овие резултати и самата игра на теренот направија да биде запален алармот на „Олд Трафорд“ и се чини само прашање е на време кога Мајкл Карик ќе заработи отказ.

Веќе повеќе извори пренесуваат дека Карик е на излезна врата, клубот размислува за негова смена, но и дека разгледува две опции за жешкото столче. Според „ЕСПН“ во прв план се двајца стратези кои во моментов се без ангажман, Еди Хау и Јулијан Нагелсман.

Хау заврши собра работа во Борнмут и Њукасл и е ценет на островот особено затоа што е домашен стратег, додека пак Нагелсман имаше епизоди во Германија, Баерн Минхен, РБ Лајпциг и Хофенхајм, доволно искуство и квалитет кој е привлече за управата на „црвените ѓаволи“.

Инаку Карик го преземе Јунајтед минатата кампања, го „изгаси пожарот“ и го врати клубот во ЛШ, но во тековнавата сезона работите не се движат во посакуваниот правец.