[ФОТО] Љубовен шок за ѕвездата на Реал: Фаталната русокоса му се врати на поранешниот сопруг

Точка

26/10/2026

13:01

1.963

Големина на фонт

а а а

Бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека, поранешна партнерка на фудбалерот Винисиус Жуниор, според најновите медиумски извештаи ја обновила врската со поранешниот сопруг, пејачот Зе Фелипе.

Веста привлече внимание бидејќи нејзината разделба со фудбалската ѕвезда беше потврдена дури на 11 октомври 2026 година.

Љубовната приказна што во последните месеци привлекуваше големо внимание во јавноста доби неочекувано продолжение. Мегапопуларната Бразилка повторно е во врска со пејачот Зе Фелипе, нејзиниот поранешен сопруг и татко на нивните три деца, пренесува „Marca“.

Двојката го потврди помирувањето со заедничка објава на социјалните мрежи, со порака што особено го привлече вниманието: „Нашата љубов никогаш не престана да постои“.

Вирџинија и Фелипе се венчаа во 2021 година, а разделбата ја објавија во мај 2025 година. Потоа Вирџинија започна врска со Вини, напаѓачот на Реал Мадрид. Нивната романса минуваше низ подеми и падови, а раскинувањето беше потврдено на 11 октомври 2026 година. Тие дури објавија и свршувачка, односно размена на свршенички прстени, на 17 септември 2026 година.

Набрзо по раскинувањето со фудбалерот, Вирџинија повторно најде заеднички јазик со поранешниот сопруг. Нивното помирување предизвика бројни реакции, особено поради тоа што многумина веруваа дека нејзината врска со Винисиус означила сосема ново поглавје во нејзиниот живот.

Фонсека е родена во САД, но пораснала меѓу Бразил и Португалија. Важи за една од најпознатите и највлијателните личности во Бразил. Има околу 57 милиони следбеници на „Instagram“.