Јамал за трофејот кој го доби на церемонијата во Лондон: Требаше да заврши во други раце

Дерби

27/10/2026

12:56

406

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал трета година по ред го доби „Копа трофејот“ за најдобар млад фудбалер во светот, но иако младата супер ѕвезда на Барселона замина во Лондон со цел да ја освои „Златната топка“, на крајот мораше да се задоволи со утешната награда.

Јамал беше во игра за најпрестижното признание до самиот крај, но сепак заврши на третото место во поредокот на Франс Фудбал зад Хари Кејн и Килијан Мбапе.


Ламин не криеше дека „трофејот Копа“ не му претставува некое посебно достигнување во ситуација кога веќе два пати го освојуваше, па јавно порача дека ќе било подобро ако истиот завршел во рацете на неговиот соиграч, Пау Кубарси.

– Ќе беше подобро за мене оваа награда да завршеше во рацете на Кубарси. Тој веќе некое време игра на неверојатно ниво и ќе беше подобро да ја освои наградата.

– За мене ова е трета година по ред со оваа награда во моите раце, благодарен сум на клубот и на селекцијата кои ми овозможуваат да се натпреварувам на највисоко ниво, – изјави Јамал.