Неверојатно: Дали ова е најчудниот кош во историјата на НБА лигата?

Дерби

27/10/2026

11:48

450

Големина на фонт

а а а

Оклахома Сити Тандер не можеше да смета на доста значајни играчи за соочувањето со Феникс Санс, но успеа да го одбрани домашниот терен и славеше со 125:114 на соочувањето во НБА лигата.

Како клучно се покажа првото полувреме кое домаќините го добија со 67:53 за да потоа ги одбија сите напади на гостите од Аризона.

Токму во финишот на оваа битка беше постигнат еден од најчудните кошеви во историјата на НБА, а за тоа заслужен беше Дилон Брукс. По шутот на Бриџис, Брукс и Шеј водеа битка под кошот, а овој првиот успеа да ја удри топката во паркетот и истата да заврши во мрежичката.

Неверојатна ситуација, момент кој уште долго време ќе се врти.