Хаос по последниот судиски свиреж на турското дерби: Тегнење, тепачки, боречки зафати…

Дерби

27/10/2026

11:46

325

Големина на фонт

а а а

Галатасарај издвојува победа над Фенербахче од 2-1 во дерби натпреварот од 9. коло во турското првенство.

Двата гола кои Осимен ги постигна во првиот дел беа доволни за да актуелниот шампион го добие ова соочување и со тоа му нанесе удар на големиот ривал кој сега има шест бода помалку и тоа во оваа рана фаза на шампионатот.

Овие средби се специфични, секогаш има тензија, но актерите на теренот знаат да претераат, а така беше и вчеравечер во Истанбул и тоа по последниот судиски свиреж.

Се тргна од Актуркоглу кој тргна да дели правда и влезе во конфликт со Шалаи по што настана вистинска мешаница на теренот, имаше борење, тегнење и тепање, а најдалеку според снимките отидоа Браун и Бардакчи, имаше боречки зафати и двајцата заработија црвени картони.