Јувентус одново има турбулентна сезона и веќе има дилеми за што е способен овој тим и дали може да забележи успех, освои пехар во било кое натпреварување.
„Старата дама“ има неколку клучни, стандардни играчи кои се повредени, но ситуацијата е таква и не може да се бараат изговори особено за некои изданија и резултати.
Редовно има критики за играчите, тренерот Спалети, а на таа линија е и некогашниот ас на оваа екипа Збигњев Боњек.
- Гледам и слушам разни критичари, некои го сакаат Конте, некои го критикуваат Спалети. Ќе кажам само дека кога го гледам Јувентус, не гледам тим од шампиони, само добри играчи. И тоа прави разлика. Денес тие не се на чело на трката за Скудетото, а тоа можете да го видите во тоа како страдаат во Европа, - истакна Полјакот кој говореше и за триумфот над Лече.
- Првиот гол дојде од слободен удар, донекаде случајно, кога голманот беше измамен од МекКени. Не е како да доминираа. Во минатото имаа поголем квалитет, -рече Боњек кој со Јуве освојуваше пехари на домашната и меѓународната сцена.








