Германскиот фудбалски стратег, Томас Тухел ги издвои неговите фаворити за фудбалскиот Оскар, најпрестижната индивидуална награда Златата топка.
Ова признание ќе биде доделено на свечена церемонија во Лондон, а за Тухел кој е селекторот на англиската репрезентатиција изборот е меѓу три имиња со кои соработува Хари Кејн, Џуд Белингам и Деклан Рајс.
- Воодушевен сум што имам тројца играчи таму, Деклан, Џуд и Хари. Можам да им кажам на гласачите дека можат да изберат кој било од овие тројца и никогаш нема да погрешат бидејќи сите го заслужуваат тоа. Сите се во игра и иако не гласам, ако можев би гласал за сите тројца, па да видиме што ќе се случи. Оваа награда постои долго време и станува сè поголема и поголема со секоја година, - истакна Тухел кој даде и аргументи за изборот.
- По минатата сезона? 70+ гола, три титули со Баерн Минхен, две полуфиналиња на Светското првенство и Лигата на шампионите? Тој е сè подобар и подобар и тоа е само целиот пакет. Сите го гледаат тоа [неговото лидерство]. Мислам дека беше добар потег за него да го добие признанието во сопствената земја, но и во друга земја и повторно да се бори за тоа и да започне нешто сосема ново и да биде во клуб каде што е важно само да се победи и ништо друго не е важно. Тоа го извлече најдоброто од него.
- И Деклан е извонреден тимски играч. Тој ја има одговорноста на своите рамена за Арсенал и беше клучен играч во нивната врвна сезона, стигнувајќи до финалето и освојувајќи ја Премиер лигата, па затоа заслужува да биде на таа листа.
- Џуд повторно го докажа својот талент на највисоко ниво и на најголемата сцена на Светското првенство со изведби од светска класа во текот на целиот турнир, - порача Германецот.







