Мирна Кошанин се кае за естетските интервенции: „Девојки од 20 години прават корекции“

Точка

21/10/2026

23:20

555

Големина на фонт

а а а

Пејачката Мирна Кошанин, која зборувала за големи компликации по операција на градите, признала дека се кае за одлуките од минатото, пренесува „Блиц“.

Пејачката Мирна Кошанин по операцијата на градите имала големи компликации, за кои и јавно зборувала. Сега признала дека се кае за одлуките од минатото.

Мирна се осврнала и на неодамна одржаната ревија на "Victoria's Secret".

„Мило ми е што жените во зрели години се грижат за себе и се сè поубави. Жените се како вино. Тоа нема врска ниту со интервенциите, туку со она што го носиме во себе и со нашата ментална и психичка состојба. Имавме можност да ја видиме ревијата за која сите зборуваат. Тоа се неверојатни жени кои изгледаат фантастично и сите имаат над 40 години. Дамите не се прашуваат за годините, но тие разлики се бришат. Често и на социјалните мрежи се коментира која жена има 40, а која 25 години. Повозрасните жени изгледаат помладо и обратно“, рекла пејачката.


Девојки од 20 години прават корекции

„Девојки од 20 години прават корекции, а во еден момент нема да изгледаат како што треба. Ние кои се водиме според нормална нега подобро се држиме. Ангелите на Викторија се психички и физички силни жени и не би изгледале така ако го немаат тоа во себе“, порачала таа во емисијата „Сакам да ти кажам“.