Климатски монструм се заканува да ги урне сите рекорди! Последиците би можел да ги почувствува целиот свет: Температурите во Пацификот скокаат за дури 3,8 степени

Точка

21/10/2026

19:58

641

Големина на фонт

а а а

Метеоролозите предупредуваат дека силното загревање на Пацификот би можело да предизвика екстремни суши и обилни врнежи во различни делови од светот, додека Европа би требало да биде помалку погодена.

Климатскиот феномен Ел Нињо би можел да достигне досега незабележан интензитет, а температурите на морето во тропскиот дел на Тихиот Океан би можеле да пораснат до рекордни нивоа, соопшти Светската метеоролошка организација („WMO“).

Температурите на морето во тоа подрачје никогаш не биле толку високи во последните 40 години, откако се вршат мерењата, изјави во Женева генералната секретарка на „WMO“, Селест Сауло.

Големо загревање на Тихиот Океан

Според климатските модели, температурите во Тихиот Океан би можеле да пораснат за 3,8 Целзиусови степени над долгогодишниот просек, додека досега најголемото забележано отстапување изнесувало околу три степени.

Сауло објасни дека се смета оти Ел Нињо настапил кога температурите ќе пораснат најмалку 0,5 Целзиусови степени над вообичаените вредности.


Ел Нињо е природен климатски феномен што се јавува на секои неколку години, а во зависност од регионот може да предизвика големи суши или исклучително обилни врнежи.

Научниците сметаат дека неговите ефекти се засилуваат под влијание на климатските промени и загревањето на атмосферата.

Европа сепак е нешто помалку изложена на неговите влијанија, кои првенствено се однесуваат на крајбрежните подрачја.