Папата Лав се врати на плоштадот „Свети Петар“, каде што ја одржа својата прва општа аудиенција откако пред осум дена беше опериран од рак на белите дробови.
Тој помина низ плоштадот во папамобил без покрив, мавтајќи им на собраните верници и благословувајќи ги децата. Седумдесет и едногодишниот Папа во неделата најави дека постепено ќе им се врати на своите должности. Додека возилото се движеше низ плоштадот, тој стоеше во задниот дел, насмеан и мавтајќи, а повремено застануваше за да разговара со верниците, пренесува „Ројтерс“.
На 13 октомври, Папата беше опериран поради аденокарцином – најчестиот вид на рак на белите дробови. Дијагнозата отвори прашања за иднината на понтификатот на Лав, кој беше избран во мај 2025 година и е најмладиот папа во последните неколку децении.
Thousands of well-wishers filled St. Peter’s Square, giving Pope Leo XIV a warm and enthusiastic welcome during his first public drive since undergoing lung cancer surgery. | via @jackiedevega https://t.co/p5e8gkVhmJ
— ABS-CBN News (@ABSCBNNews) October 21, 2026
Ова беше прва аудиенција на Папата по 7 октомври и се одвиваше според вообичаениот протокол. На почетокот на педесетминутниот собир, Папата им се обрати на присутните, иако експлицитно не ја спомна својата здравствена состојба. „Пред сè, сакам да ви се заблагодарам за поддршката и молитвите“, рече тој. „Му благодарам на Бога за Неговата великодушност“, додаде Папата со јасен глас, предизвикувајќи аплауз. „Да ја обновиме нашата доверба во Божјата добрина и милосрдие.“
Откако го обиколи плоштадот, Папата одржа проповед на италијански јазик. Единствената забележлива промена во споредба со претходните аудиенции се случи на крајот, кога тој упати поздрави на седум јазици, наместо на вообичаените девет.
Лекарите на Папата изјавија дека операцијата била успешна и поминала без компликации. Сепак, тие сè уште не открија колкав е туморот, ниту дали тој се проширил на лимфните јазли – детали што се од клучно значење за прогнозата.
Ватикан сè уште го нема објавено распоредот на Папата за периодот по среда. Предвидено е тој да ги посети Уругвај, Аргентина и Перу во периодот од 6 до 17 ноември – патување што би се вбројало меѓу најнапорните папски посети во последните децении. Засега останува неизвесно дали ова патување навистина ќе се реализира.
Главниот хирург што го оперираше Папата изрази уверување дека е можно целосно закрепнување до моментот кога е планирано да започне патувањето. Од друга страна, државниот секретар на Ватикан навести дека на Папата можеби ќе му биде потребно да го прилагоди темпото на своите активности за да го олесни закрепнувањето.












