По успехот кој го имаше СДС на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор. Иако знаеше секој ден да излегува и да беседи на прес-конференции, сега по историскиот успех кој го направи во Брвеница, изгледа се уште е во еуфорија, па сигурно отишол да прослави некаде, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој праша дали прославата од Бихаќка, Филипче ја однел на јахтата на Заев на Егејското море или отишол на рехабилитација во Дубаи?
„По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДС беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да не причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите. Шегата на страна, СДС со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. СДС со Филипче слави да биде 4 партија во Македонија, а и под знак прашалник е дали на следните избори ќе бидат и прва опозиција по бројот на пратеници во собранието. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ му дава огромна поддршка на Венко Филипче, му ги честитаме успесите и посакуваме уште многу вакви успеси какви што имаше во Брвеница“, рече Манасиевски.








