Акциска контрола во Куманово, пронајдени 28 пиштоли за светлосно – звучна сигнализација: Уапсен 63-годишен маж

Макфакс

21/10/2026

12:35

219

Големина на фонт

а а а

Вчера во 14:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 63-годишниот Љ.М. од Куманово.

При акциска контрола, спроведена согласно претходно изготвен план за реализација, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за граѓански работи при МВР, во деловен простор кај Љ.М. биле пронајдени 28 пиштоли за светлосно – звучна сигнализација за кои не поседувал дозвола.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.