Египќаните ги дознаа своите казни за изјавите дека мундијалот е наместен во корист на Аргентина

Дерби

20/10/2026

12:10

349

Големина на фонт

а а а

Меѓународната фудбалската Федерација ги одреди казните за Египќаните кои излегоа со бурни изјави по осминафиналето кое го одигра африканската репрезентација против Аргентина, а истите се однесуваат за двајца членови од стручниот штаб и една за напаѓачот Мостафа Зико.

Дисциплинското тело на ФИФА соопшти дека селекторот Хосам Хасан ќе одработи суспензија од три натпревари поради неспортско однесување и дадени некоректни изјави по поразот од 3:2, а истата мерка е употребена и за неговиот брат и помошник, Ибрахим Хасан.

Офанзивниот фудбалер Мостафа Зико доби највисока казна и суспензија од пет меча, а причина за тоа е жестоката изјава, како и инцидентот во кој учествуваше со противнички фудбалери по крајот на натпреварот.

Египет водеше 2:0 против Аргентина на Светското првенство и беше на чекор од сензација, но на крајот загуби со 2:3 во натпревар во кој им беше поништен гол на сомнителен начин.

Сето ова направи Египќаните да реагираат навистина бурно во јавноста, па селекторот Хасан беше еден од оние кои нагласи дека луѓето од ФИФА ја фаворизираат Аргентина да ја одбрани титулата на Светското првенство.

Аргентина во продолжение од турнирот стигна до самото финале на мундијалот, но во завршниот меч беше надиграна од Шпанија која освои втора светска титула.