Флик: Ќе се соочиме со најдобриот тим на светот, ова е…

Дерби

20/10/2026

07:59

722

Големина на фонт

а а а

Пред Барселона е навистина тешка недела со два супер важни натпревари од кои првиот е против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Каталонците славеа во претходните две рунди против Галатасарај и Феенорд, но ова е сосема друго ниво, сосема друг предизвик против клубот кој две сезони во низа е европски првак и годинава не крие дека има амбиции да дојде до хет-трик.

И Барса има свои цели, амбиции, а едно е јасно тренерот Ханси Флик има одгромна почит кон „светците“.

-Ова е добар тест за нас. Сакам нашиот тим да игра со самодоверба, како што прави екипа која ги добила последните 11 натпревари. Ќе се соочиме со најдобриот тим во светот во последните две години, а ова е можност за нас, -порача Германецот кој откри дека Рафиња ќе биде стартер, но и дека Френки Де Јонг може да заигра како стопер по повредита на Ерик Гарсија и Жил Кунде.

-Френки де Јонг може да игра, а Алекс Кампос е исто така со нас. Сигурен сум дека сè ќе помине добро. Можеби не поминуваме низ најдобриот момент, но мора да го прифатиме тоа, -рече Германецот.

Средбата во француската престолнина е закажана за утре од 21 часот.