Баркола: Дури сега сфаќам што сме имале во ПСЖ

Дерби

19/10/2026

11:19

508

Големина на фонт

а а а

Бредли Баркола се претвори во најскапо летно засилување на Ливерпул и го комплетираше трансферот кој се најавуваше цело лето, потег со кој младиот крилен фудбалер реши да направи голема промена после сите успеси кои ги оствари со францускиот великан.

Баркола освои се што можеше да се освои со ПСЖ и се реши за нов предизвик во својата кариера, но дури сега сфаќа дека сите работи кои ги доживувал во Париз во најголем дел ги сфаќал „здраво за готово“.

Крилниот напаѓач се навикнува на нова реалност во Ливерпул, па во интервјуто кое го направи за „Телефут“ потенцира дека дури сега сфаќа што точно имал во ПСЖ и какви големи работи правеле со Луис Енрике како тренер на тимот.

– Кога бев во Париз, не бев целосно свесен што постигнуваме, бидејќи едноставно постојано победувавме. Но, кога ќе преминете во друг клуб, дури тогаш сфаќате дека она што го направивме беше навистина исклучително, – вели Баркола која се уште е во фаза на адаптација во Англија и Премиер лигата.

– Сè уште се обидувам да се приспособам, бидејќи тука е прилично поинаку отколку во ПСЖ. Лигата ми делува помалку тактичка, а покрај тоа, во Париз имав тренер кој секогаш посветуваше многу внимание на малите тактички детали. Работите се доста поинакви и морам да се адаптирам во повеќе фази, – вели крилниот напаѓач.