Поранешната портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија, предизвика бурни реакции откако објави проштална фотографија со Доналд Трамп, а еден детаљ на претседателската маса привлече особено внимание.
Само неколку дена откако беше сменета од функцијата портпаролка на Белата куќа, на која се задржа само пет дена, Кејти Закарија повторно се најде во центарот на скандал, овојпат поради фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според пишувањата на британскиот „Daily Mail“, Закарија добила отказ по неуспешниот прв настап пред новинарите и откритието дека нема положено правосуден испит, иако со години се претставувала како адвокатка.

По заминувањето од Белата куќа, таа на социјалните мрежи објави проштална фотографија со Трамп во Овалната соба. Сепак, вниманието на јавноста не го привлече нивната средба, туку впечатливо заматената мапа што се наоѓала на претседателската маса.
Сомнежите дека станува збор за документ што јавноста не требало да го види дополнително се засилија кога Закарија објави уште една фотографија, овојпат со семејството и Трамп, на која спорната мапа беше целосно отстранета со дигитална обработка.
Што се наоѓало на масата на Трамп?
Набљудувачите и активистите на здружението „Save East Po“ набргу забележале дека обликот на земјиштето прикажано на мапата одговара на паркот Ист Потомак во Вашингтон, каде што Трамп планира темелна реконструкција на голф-теренот, кој претходно го опишал како застарен и опасен.
President Trump is a kind, wonderful, gracious, thoughtful, enthusiastic, and hardworking man. I wish more Americans appreciated him. No one will ever make America great the way he has and continues to.
It was an honor to work for him. https://t.co/Tp4NizrhE2
— Katie Zacharia (@KatieZacharia) October 17, 2026
Проектот во моментов се соочува со правни пречки, бидејќи локалните здруженија покренале судска постапка, а федерална судијка забранила понатамошно сечење дрвја во паркот додека не заврши спорот.
Иако американската администрација официјално тврди дека конечниот проект сè уште не постои, активистите сметаат дека заматувањето и последователното отстранување на мапата од фотографиите укажуваат на тоа дека плановите интензивно се разработуваат зад затворени врати, и покрај судската постапка.
„Ништо не кажува ‘немаме план’ подобро од фотографија на мапа што изгледа како план на претседателската маса, по која следува друга фотографија од која мапата е дигитално отстранета“, порачаа од здружението.
Nothing says “we have no plan” like a photo of plan-shaped map on the President’s desk, followed by a second photo where that map has been digitally removed.
— Save East Po (@SaveEastPo) October 17, 2026
Се огласи и Доналд Трамп
Од Белата куќа се обидоа да ги смират реакциите, наведувајќи дека медиумите го преувеличуваат значењето на една безопасна фотографија.
Сепак, Трамп набргу се огласи на социјалната мрежа „Truth Social“, каде што потврди дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и познати проектанти се работи на нов голф-проект.
Критичарите на американскиот претседател сметаат дека станува збор за продолжување на практиката на заобиколување на административните процедури и судските одлуки при реализацијата на градежните проекти во Вашингтон.
Тие потсетуваат и дека Трамп го урнал Источното крило на Белата куќа без одобрение од Конгресот, со цел да изгради балска сала, како и дека се залагал за подигнување триумфална порта висока 75 метри на островот Колумбија.
Повеќе негови градежни иницијативи во моментов се предмет на судски спорови.















