Постариот господин бил принуден да работи со полно работно време како касиер за да преживее, бидејќи ги изгубил пензијата и сопругата, чии медицински трошоци оставиле сериозни последици врз неговите финансии.
Синот на воениот ветеран од американската војска, Ед Бамбас, изјави дека неговиот татко конечно ќе може да се пензионира и да ужива во животот откако неговата потресна приказна допрела до голем број луѓе. Таткото на Мајкл Бамбас добил околу 1,5 милиони долари – сума што му била врачена на церемонија на неговото работно место.
Мајкл Бамбас изјави дека неговиот 88-годишен татко, кој сè уште не знае за огромната донирана сума што постојано расте, е длабоко трогнат и преплавен од великодушноста на луѓето, откако во вирално видео зборувал за своите финансиски тешкотии.
„Знам што ќе значи ова за него и колку целосно ќе му го промени животот“, изјави Мајкл за „New York Post“. „Конечно ќе може да ужива во животот, без да се грижи од каде ќе дојде следниот долар“.
Ед ги трогна луѓето ширум светот откако австралискиот инфлуенсер Семјуел Вајденхофер минатата година го снимил во супермаркетот „Meijer“ во Брајтон. Постариот господин бил принуден да работи со полно работно време како касиер за да преживее, бидејќи ги изгубил пензијата и сопругата, чии медицински трошоци оставиле сериозни последици врз неговите финансии.
Вајденхофер ја споделил неговата приказна на социјалните мрежи и ја покренал кампањата „GoFundMe“ за да му помогне да се пензионира. За помалку од 36 часа тогаш биле собрани повеќе од 1,443 милиони долари.
„Неверојатно е. И двајцата сме воодушевени од тоа колку оваа приказна ги допре луѓето ширум светот. Се чини дека многумина емотивно се поврзуваат со неа и сакаат да помогнат. Неверојатно е како ваквите работи го извлекуваат најдоброто од луѓето“.
Ед му раскажал на Вајденхофер, кој промовира позитивни вредности, дека се пензионирал од компанијата „General Motors“ во 1999 година, но компанијата банкротирала во 2012 година, со што му ја укинала пензијата, се наведува во трогателното видео објавено на Инстаграм.
Таткото на две деца живеел удобно со сопругата повеќе од 50 години, сè додека таа тешко не се разболела, што го принудило да ја продаде куќата и имотот само за некако да ги преброди тешките моменти.
„Најмногу ме повреди тоа што, кога мојата сопруга сериозно се разболе, заедно со пензијата ми го укинаа и здравственото осигурување, оставајќи ми само 10.000 долари од животното осигурување“, изјави тогаш Ед, едвај задржувајќи ги солзите.
Откако неговата сопруга Џоан починала пред осум години, тој немал друг избор освен да се врати на работна недела од 40 часа. На крајот нашол работа во синџир супермаркети, на 70 километри западно од Детроит, каде што работел пет години.
„Среќен сум што Бог ми подари тело доволно силно за да можам да стојам од осум до осум и пол часа дневно“, изјави Ед за „WXYZ“ откако видеото на Виденафер стана вирално.
Кампањата тогаш привлече речиси 50.000 донации од повеќе од 36.000 луѓе.
„Тој сè уште не сфаќа што се случува“, изјави тогаш Мајкл за својот татко. „Нема поим колку пари се собрани. Кога ќе дознае, ќе биде целосно шокиран. Ова ќе му донесе огромна, навистина огромна утеха“.













