Нуркањето во целосен мрак не е за секого, особено кога не знаете какви морски суштества можат да ве изненадат.
Токму во таква авантура се впуштил Барни Диларстоун, кој на 8 октомври 2026 година на својот канал на „YouTube“ објавил видео што привлекло големо внимание кај корисниците.
„Постои една работа што ме ужаснува“
Снимката прикажува ноќно истражување, а глетките со морските животни никого не оставиле рамнодушен.
Во коментарите се нижеле реакции од гледачите, особено од оние на кои самата помисла на нуркање во мрак им предизвикувала непријатност.
Еден признал дека ја гледал снимката во целосен мрак, што го направило целото искуство уште пострашно.
„Ова е забавно за гледање, но и целосно застрашувачко бидејќи, ете, гледам во целосен мрак“, напишал тој.
Друг открил што најмногу го плаши: „Постои само една работа што ме ужаснува. Морските црви“.
Станува збор за видот „Eunice aphroditois“, чии претставници живеат скриени во морското дно и ненадејно го напаѓаат пленот, а нивниот необичен изглед кај многумина предизвикува морници.
„Изгаси ја таа проклета светилка“
Не сите глетки што ги снимил Диларстоун предизвикувале страв. Еден гледач особено реагирал на моментот кога мала ража пролетала покрај нуркачот и го удрила во ногата, пренесува „Dnevno.hr“.
„Не можете да замислите колку ми се озари лицето кога го видов суштеството што ненадејно ве нападна. Буквално гласно воздивнав и реков: ’Бебенце‘“, напишал тој.
Друг се пошегувал на сметка на средбата со малата ража и светлото што го користел нуркачот: „Ражата беше во фазон: ’Изгаси ја таа проклета светилка‘“.
Одредени гледачи биле воодушевени и од другите животни што ги забележале на снимката.
„Каква апсолутно прекрасна риба-лав“, напишал еден корисник, а друг додал: „Како да гледам документарец за некој друг свет“.
Снимката ги привлекла и оние што се интересираат за необични организми, а еден гледач напишал: „Секојпат кога ги гледам твоите прилози, сè повеќе сакам да ја остварам својата цел и да станам морски биолог“.
Во коментарите била изразена и загриженост поради одлуката да нурка без придружба. Еден корисник напишал: „Зошто нуркаш сам? Возбудливо е и видеото е одлично, но иако имам 35 години искуство во нуркање, никогаш не би одел сам, особено ноќе“.









