Англискиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингам, се најде на мета на бразилските медиуми по приватната забава во домот на неговиот соиграч Винисиус Жуниор во Мадрид.
Бразилскиот портал „LeoDias“, кој прв ја објавил приказната, тврди дека Белингам се однесувал недолично и дека се бакнувал со други девојки. Потоа ја напуштил куќата пред останатите гости за да ја продолжи забавата на друго место.
Според истиот извор, Винисиус ја организирал забавата во својот дом во Мадрид, ноќта на 15 октомври, а покрај Белингам, присуствувале и неговите соиграчи Едуардо Камавинга и Дин Хајсен, како и неколку девојки. Како што се наведува, на забавата присуствувале манекенки од Бразил и Шпанија, а дружењето траело до раните утрински часови на 16 октомври.
Приказната излегла во јавност благодарение на снимките на една од гостинките. Снимките протекле од нејзините приказни на Инстаграм, кои ги споделувала само со блиските пријатели, а на нив се гледа како таа со своите пријателки стои пред влезот на куќата на Винисиус. Според бразилските медиуми, девојките на снимките со воодушевување го коментираат однесувањето на Белингам.
Најголемо внимание во јавноста привлекло токму однесувањето на Белингам, кој е во врска со 28-годишната американска манекенка и инфлуенсерка Ешлин Кастро. Парот е во врска од крајот на 2024 или почетокот на 2025 година, а Ешлин често може да се види на натпреварите на Реал Мадрид и на англиската репрезентација.
Во јули 2026 година се појавија гласини за нивно раскинување, но тие не беа потврдени. Уште на 14 октомври медиумите ја претставуваа како девојка на Белингам. Пред врската со Белингам, Ешлин ја поврзуваа со актерот Мајкл Б. Џордан и НБА-кошаркарот Теренс Ман.
















