[ФОТО] Има 54 години и сите и натаму се восхитуваат на нејзината фигура: Сега позираше во долна облека

Точка

15/10/2026

07:07

1.889

Големина на фонт

а а а

Хајди Клум повторно позираше во предизвикувачко издание, но овојпат за потребите на промоција на новата линија долна облека од познат италијански бренд.

Поранешната манекенка Хајди Клум повторно е заштитно лице на италијанскиот бренд „Calzedonia“, па се најде во нова кампања и повторно го привлече вниманието на јавноста со своите смели изданија.


Речиси секој ден таа му кажува на светот дека го обожава своето тело на 54 години, па затоа тесните облеки, па дури и публикациите во топлес не се проблем за неа, напротив - нејзините профили на социјалните мрежи се полни со вакви објави!

За оваа пригода, таа позираше во две изданија, обете со акцент на чипка. На едната фоотграфија носи бордо боди и хулахопки, а на другата позира во црн комбинезон од чипка со црна долна облека видлива под неа.


Ова не е првпат Хајди Клум да соработува со добро познат бренд, а се појави во некои кампањи со нејзината ќерка Лени. Неодамна позираа заедно за „Intimissimi“ и повторно ја поделија јавноста.

Таа моментално се подготвува за Ноќта на вештерките, кога традиционално носи автентични, долго подготвени костими. Неодамна, таа повторно зачекори на модната писта, на Неделата на модата во Париз, и покажа зошто некогаш беше меѓу најбараните топ модели во светот.