Мареска откри какво изненадувачко признание добил од Луис Енрике по дербито на „Итихад“

Дерби

15/10/2026

08:26

314

Големина на фонт

а а а

ПСЖ постигна четири гола на дербито на „Итихад“ и во самата завршница можеше да дојде и до петти, но исто така, актуелниот европски шампион ризикуваше да остане со празни раце на незгодното гостување со оглед на фактот што целосно ја препушти играта на домаќините по водството од 0:3.

„Светците“ изгледаа како недопирлив тим во првите 45 минути во кои делуваа како казнена експедиција при секоја посериозна шанса пред противничкиот гол, но по негативата од 0:3, Сити се разбуди и беше целосно доминантен тим во вторите 45 минути.

Тимот на Енцо Мареска се избори за подостоен пораз, иако со оглед на создадените шанси можеше да направи и нешто повеќе, па во обраќањето пред новинарите, италијанскиот стручњак откри и дека добил изненадувачко признание од Луис Енрике во моментите кога се ракувале по натпреварот кој заврши 2:4.

– Мислам дека почнавме доста добро сè до првиот гол, а потоа примивме втор по само една минута, што веројатно создаде чувство на разочарување, па во првото полувреме се мачевме до крајот. Во второто полувреме бевме многу, многу, многу подобри и веројатно заслуживме и повеќе од ова што го добивме.

– Искрено, се беше малку чудно, бидејќи почнавме доста добро пред да го примиме првиот гол. Бевме во игра, создававме шанси, не дозволувавме противникот да ни се закани, а потоа го примивме првиот гол, па по две минути и вториот. Ситуацијата е секако тешка кога играте против ваков тим, а кога ќе примите два гола за две минути, станува уште потешка. Сепак, сметам дека во второто полувреме создадовме доволно за да заслужиме повеќе.

– Впрочем, Луис Енрике беше прилично искрен по натпреварот. Тој ми порача дека имале доста среќа во осигурувањето на победата, – откри Мареска.