Данил Медведев го доби соочувањето со Стефанос Циципас и обезбеди место во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Шангај.
Русинот кој ја има улогата на петти носител го надигра Циципас со 2-0 во сетови за нешто помалку од еден ипол час игра. Медведев направи разлика во клучните моменти, го доби првиот сет од 6-4, во вториот пак направи брејк во дванаесеттиот гејм за 7-5 и пласман во наредната фаза.
Ова за Данил беше 11. триумф во 16. меч против Циципас. Воедно Данил е само шести играч кој успеал во најмалку четири наврати да дојде до четвртфиналето на турнирот во Кина.
Следен ривал ќе му биде подобриот од Пол-Бергс.








