[ВИДЕО] Јамал со потег со кој ги воодушеви фановите: Израдува детенце и му направи спомен што ќе го памети до крајот на животот

Дерби

14/10/2026

13:17

228

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал не се запиша во листата на стрелци во мечот со Галасатарај, но испорача две асистенции и даде огромен придонес во триумфот на Барселона од 4-1 во Истанбул.

Офанзивецот се истакна на теренот пред натпреварот, ама имаше и еден потег пред самиот старт, потег со кој ги воодушеви фудбалските фанови.


Едно од момчињата кои излегоа на теренот побара од Јамал да му ја даде тренерката, барање кое напаѓачот веднаш го прифати и донесе огрома среќа кај детенцето кое ова ќе го памети до крајот на животот.