[ФОТО] Младата актерка во смело издание: Во градник украсен со кристали ги покажа извајаните стомачни мускули

Кармин

14/10/2026

15:38

725

Големина на фонт

а а а

Канадската актерка Калина Лијанг, која во новиот филм „Street Fighter“ ја толкува легендарната Чун-Ли, го привлече вниманието на премиерата на филмот одржана на 12 октомври во култниот „TCL Chinese Theatre“ во Холивуд.

За оваа пригода избрала дводелна комбинација во нежна беж боја, со топ во стилот на градник и долго здолниште до подот. Топот и здолништето биле богато украсени, а целиот изглед го надополнил долг, лесен шлеп што се влечел по синиот тепих. Темната коса ја носела исплетена во долга плетенка, додека прамени ѝ паѓале покрај лицето. Изгледот го заокружила со висечки обетки.


На премиерата ѝ правеа друштво колегите Ноа Сентинео и Ендру Коџи. Сентинео носел црна кожна јакна и фармерки, а Коџи темен костум. Во филмот тие ги толкуваат Кен и Рју.


Ова не е првпат актерката да воодушеви со изборот на облека за време на промотивната турнеја. На ѕидот за фотографирање во Лондон носеше плетен фустан во смарагднозелена боја од брендот „Di Petsa“, со длабок изрез и метален синџир. На настан за обожавателите во Мексико Сити се појави во краток фустан со набори, скулптурална јака и проѕирен корсет. Под светлата, фустанот ја менуваше нијансата од црна во металик сина.


Калина Лијанг е родена во 2000 година, а претходно привлече внимание со улогите во серијата „Foundation“ и филмот „Presence“ на Стивен Содерберг. За улогата на Чун-Ли се подготвувала сериозно. Таа раскажа дека за време на тренинзите јадела по 12 јајца дневно и секој ден вежбала по два часа таеквондо, тајландски бокс и вушу.

Филмот „Street Fighter“ пристигнува во кината на 16 октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk