[ФОТО] Кралицата Ранија заблеска во фустан на познатата Србинка: Кога се појавила на гламурозната венчавка во импресивна креација, сите останале без зборови

Кармин

07/10/2026

19:40

572

Големина на фонт

а а а

Кралицата Ранија, Лејди Ди на арапскиот свет и иницијаторка на бројни хуманитарни проекти, несомнено е икона на стилот на нашето време, која совршено и исклучително софистицирано ги комбинира современите трендови со традиционалните мотиви.

За гламурозната венчавка, одржана во палатата Захран во Аман, убавата сопруга на јорданскиот крал избрала креација со потпис на најуспешната Србинка во светот на модата, Роксанда Илинчиќ.


Таа е симбол на елеганцијата, достоинството и префинетоста, една од најдобро облечените жени на денешницата, која не се двоуми преку своите модни комбинации да испрати силни пораки и да даде поддршка на различни иницијативи. Искрено, не се сеќаваме кога последен пат кралицата Ранија се појавила во нешто што не ѝ прилега.

Како Кејт Мидлтон, принцезата Шарлин или кралицата Летиција, ниту таа не може да погреши, а тоа го докажа и изминатиот викенд, кога на свадбата во главниот град на Јордан се појави во импресивна креација од ателјето на Роксанда Илинчиќ. Уште еден мастер-клас!


Елегантниот миди-фустан во божествена – ќе кажеме и кралска – бордо нијанса, салонките во иста боја со потпис на дизајнерката Џенифер Шаманди и внимателно одбраните детали, пред сè чантата „Armani“ во форма на писмо и обетките со скапоцени камења, го направија гламурозното издание на јорданската кралица особено впечатливо.


Повод за собирањето во палатата Захран била венчавката на принцезата Сара бинт Фејсал, внука на Абдулах II, и Али Ал-Саваф. Кралицата Ранија и нејзиниот сопруг секако беа во прв план, а на церемонијата присуствуваа и нивниот најмлад син, принцот Хашим, мајката на Абдулах, кралицата Муна, како и други членови на владетелската династија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk