Во текстот се осврнува на моменталната состојба на Република Македонија во однос на европските интеграции, споредувајќи го чекорењето на Црна Гора и Албанија со изолацијата на Македонија, и посочувајќи ги причините и препреките за напредокот во процесот.
„Фон дер Лајен го поздрави: ‘Денес правиме значаен чекор кон покомплетна Унија.’ Црна Гора има 21 затворено поглавје од 33 и цел да ги заврши преговорите оваа година. Албанија оди напред. Бевме во иста група. Денес сме со Косово и Србија. Како Вучиќ што ја изолира Србија, така и Мицкоски, следејќи го примерот на својот ментор, ја изолира Македонија. Истата логика. Две работи го движат овој процес: рускиот интерес и стравот од соочување со Лаура Ковеши“, велат од СДСМ.
„Кандидатите мораат да соработуваат со европското обвинителство пред членството. Не после. Пред. Тогаш нема телефонски повици од кабинетот. Нема телевизиски настапи на кои се поставува и се сменува обвинител. Некој мора да одговара за пљачка на државата. За европски фондови. За тендери. За пет тони преку граница. За касата што се третира како плен.
Арамијата тоа не го сака. Затоа реформите стојат. Вториот рок веќе истече. 1 јуни беше ветување. Ниту глас повеќе. Затоа патоказ добиваат други земји. Затоа вели „не по секоја цена“. Затоа споредби со Исланд, Ле Пен и војни, сè освен извештајот за правосудство и реформи.
Затоа сателитите, ЗНАМ, Левица, Платформа ЗНАМ 2.0, на далечинско, за да дефокусираат. ЕУ носи правила. Закон за сите. Независни институции. Слобода на медиуми. Тоа касата на ВМРО-ОКГ не го поднесува. Затоа изолација. Затоа сме каде што сме, додека Црна Гора затвора поглавја и цели кон членство во 2028.
СДСМ кажа ова уште пред изборите. Денес е на хартија. Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара пред независно судство и пред Европското јавно обвинителство, предводено од Лаура Ковеши.
Македонија не е депонија за туѓи интереси. Македонија е држава што заслужува европски пат, а не ходник дипломатија, не дата-центри за туѓа дигитализација и антимон за трговците со оружје“, соопшти СДСМ.












