Мобилниот тим Task Force при РЦ за ГР Исток пронајде дрога и уапси двајца

Макфакс

13/10/2026

08:30

274

Големина на фонт

а а а

Мобилниот тим Task Force при РЦ за ГР Исток уапси двајца лица во Делчево, при што пронајде дрога во патничко возило. Случајот е во процес на документирање, а против уапсените ќе биде поднесена пријава.

Вчера во 21:05 часот на стариот пат село Тработивиште – Делчево, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force” од РЦ за ГР Исток го лишија од слобода 29-годишниот Д.К. од село Полето, делчевско и 26-годишниот У.А. од село Црник, делчевско.

При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф” со делчевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.

Лицата се задржани во ОВР Делчево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.