Актерите Флоренс Пју и Фин Кол за првпат официјално се појавија рака под рака на црвениот тепих во Лондон, со што ја официјализираа нивната двегодишна врска.
Британската актерка Флоренс Пју и нејзиното момче Фин Кол, познати по улогата во серијата „Peaky Blinders“, ги изненадија обожавателите појавувајќи се заедно на црвениот тепих.

Двојката пристигна на премиерата на спортскиот биографски филм „in The Shadows“ во Лондон, а Флоренс беше таму како голем поддржувач на својот партнер, па постојано се држеа за раце и привлекуваа внимание на црвениот тепих.
30-годишната ѕвезда блескаше во елегантен сребрен корсет фустан од брендот „Wiederhoeft“ со тесно здолниште со светки, додека нејзиниот партнер се одлучи за елегантен темен костум со вратоврска.
Актерите се во врска од 2024 година, а во последните месеци се повеќе се поттикнуваат гласините за нивната веридба. Иако двајцата љубоморно ја чуваат својата приватност и не се појавувале заедно на јавни настани - досега, актерката претходно откри дека е многу заљубена и дека ја пронашла вистинската среќа со Фин.

Флоренс Пју претходно привлече внимание со нејзината врска со режисерот Зак Браф, 21 година постар од неа, за која зборуваше отворено. Тие поминаа три години заедно, од 2019 до 2022 година.








