Актерката Кејти Холмс се појави на настан во Њујорк, а вниманието на јавноста го привлече нејзиното осум години помладо момче.
Кејти Холмс веќе некое време ужива во слатката љубов. Иако првично го криеше својот партнер Џејсон Џармоски од љубопитниот свет, актерката дури неодамна одлучи да ја открие добрата вест - дека е среќна во љубовта.
Katie Holmes, 47, goes makeup-free for red carpet appearance with toyboy Jason Bard Yarmosky, 39, in NYC https://t.co/KQmpLyJTCL
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 10, 2026
Вљубените сега често се гледаат во јавноста, а треба да се напомене дека предизвикаа доста возбуда на Неделата на модата во Париз минатата недела. Тие привлекоа големо внимание синоќа, на премиерата на документарниот филм „14th“, во режија на Ева Дуверне, што се одржа во Њујорк.
За оваа пригода, двојката одлучи да носи лежерни модни комбинации, нагласувајќи го тој едноставен пристап кон модните трендови.
Како што можете да видите, Кејти носеше широки панталони што ги комбинираше со сатенски топ, а на модната комбинација додала и кожна јакна на преклоп за да го комплетира овој „опционален“ стил. Исто така, таа се појави на настанот без шминка и со овој потег воодушеви многумина.

Што се однесува до нејзиното момче, Џејсон носел црни панталони кои ги комбинирал со бел џемпер и црна кожна јакна. Двојката беше видливо расположена и гордо позираше за странските медиумски фотографи.






