[ВИДЕО] Четири мртви и илјадници без струја по налетот на ураганот во САД

Нетпрес

11/10/2026

09:29

577

Големина на фонт

а а а

Властите во Флорида не добија барања за операции за пребарување и спасување кратко откако бурата стигна до копното, што укажува дека ефектите се ограничени, рече гувернерот Рон ДеСантис

Четири лица загинаа откако ураганот Исајас стигна до копното рано во саботата по локално време, оставајќи без струја околу 670.000 луѓе во американските сојузни држави Флорида, Алабама, Џорџија и Мисисипи, бидејќи бурата ослабе во посттропски циклон, според локалните власти и службите за следење на снабдувањето со електрична енергија.

Две лица загинаа како резултат на паѓање дрвја врз станбени објекти, според локалните медиуми и власти.

Според податоците на компанијата „PowerOutage.us“, околу 420.000 клиенти во Флорида, 190.000 во Алабама, 43.000 во Џорџија и 17.000 во Мисисипи беа без струја во саботата.

Властите во Флорида не добија барања за операции за пребарување и спасување кратко откако бурата стигна до копното, што укажува дека ефектите се ограничени, рече гувернерот Рон ДеСантис.

Се очекува бурата да продолжи да слабее додека се движи кон североисток, но Националната управа за окаените и атмосферата (NOAA) предупреди дека државите Северна и Јужна Каролина и Џорџија би можеле да бидат погодени од поплави поради обилни дождови.

Покрај ураганот Исајас, се очекува тропската бура Рејчел да ја погоди Јужна Калифорнија подоцна во тејот на денот, додека се очекува ураганот Сајмон да го погоди тихоокеанскиот брег на Мексико в недела.

Ураганот Исајас е првиот од сезоната на урагани во Атлантикот, која се случи подоцна оваа година поради условите поврзани со феноменот Ел Нињо во Тихиот Океан.