ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

Макфакс

11/10/2026

10:20

223

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, оддавајќи почит на борците од Народноослободителната борба и истакнувајќи ја важноста на нивните идеали како водилка за денешните генерации, со акцент на обединување и напредок за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба и нивната жртва за слобода и создавање самостојна и независна држава.

„На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода“, се наведува во честитката на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека идеалите на борците треба да бидат водилка и за денешните генерации, а за изградба на просперитетна Македонија се потребни обединување, заеднички ангажман, знаење и труд.

Партијата ја нагласува и важноста од пренесување на вредностите на борците на младите генерации, како и од негување на идејата за живот и напредок во сопствена, самостојна и независна држава.

„Нека е честит 11 Октомври, Денот на народното востание!“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.