Атлетико Мадрид бележи победи во низа во шпанската Примера, а последната дојде попладнево на гостувањето во Баскија кај Алавес.
Гостите од Мадрид славеа со 2-1 и тоа со гол во самата завршница (87 минута) кога Баена испорача фантастична топка со надворешна до Ромеро на кого не му беше тешко да ја затресе мрежата и донесе три бода за „душекџиите“.
ТУКА погледнете ја асистенцијата на Баена за победничкиот гол.
Инаку во првиот дел Грималдо донесе предност за Атлетико, а Боје во судиското продолжение го реализираше ударот од 11 метри.
Со 19 освоени бода избраниците на Чоло Симеоне се на втората позиција на табелата.








